Поранешниот
напаѓач на Интер, 36 годишниот Адриано во интервју за ДАЗН говори за импресиите
по трансферот во тимот од Милано, Бразилецот беше наведен како еден од
најголемите таленти од неговата генерација, но, личните проблеми кои ги имаше
го спречија да направи нешто повеќе од тоа што го реализираше во кариерата.
„Знам колку бев
добар, знам и дека реализирав некои важни работи“ изјави Адриано.
„Не можев да
поверувам кога прв пат дојдов во Италија, во Интер. Се сеќавам дека само зјапав
кон сите во соблекувалната, од Кларенс Сидорф до Марко Матераци“ вели тој.
„Исто така се
сеќавам на тоа како Роналдо ми помогна да се чувствувам добредојдено, тој ме
покани дури и во неговиот дом, јас живеев во хотел и тој ме праша дали сакам да
се преселам кај него, тоа беше прекрасен гест од негова страна“ открива
Бразилецот а потоа го истакна и значењето на поранешниот капитен и легенда на
Нероаѕурите, Хавиер Занети.
„Во спортски
околности јас искусив неверојатна соблекувална, а аспект на животот Занети беше
еден голем пример“ вели поранешниот напаѓач на Нероаѕурите.
„Тој секогаш беше
покрај мене, ме поддржуваше, посебно кога мојот татко почина, исто така и
претседателот на клубот [Масимо
Морати] ми помогна многу, тој
ми беше како втор татко, ќе му бидам благодарен до крајот на мојот живот, за се’
што стори за мене и моето семејство
во тие години, секогаш кога зборуам за него, јас сум емоционален“ заклучи
Адриано.
Бразилецот вели
дека сега е среќен со неговите пријатели и семејство со кое живее во Рио, тој
додава дека има нормален живот и вели дека не сака да се одвои од неговите три
деца, во однос на професионалната кариера, тврди дека се уште не е пензиониран,
доколку би постоело шанса, би играл само во Бразил.