66
Во претпоследниот меч од 13. коло во Серија А, немаше победник на „Дерби дела Лантерна“. Џенова и Сампдорија го поделија бодовите, а возбудувањата се случија во воведниот дел од мечот.
Кваљарела ги донесе гостите во водство веќе во 8. минута, а Пјатек од пенал во 17. минута изедначи на 1-1.
За Полјакот ова беше голот број 10, па му избега на Кристијано Роналдо (9 погодока) кога е во прашање најдобриот стрелец во Серија А.
Нашиот Горан Пандев не доби шанса и мечот го проследи од клупата за резерви.