64
Голем скандал го
тресе фудбалскиот свет откако од документите на Фудбал Ликс кои беа објавени за
јавноста, а ги пренесе весникот Шпигел, се наведува дека ѕвездата на Реал
Мадрид, Серхио Рамос паднал на допинг тест по финалето во Лигата на шампионите
лани.
Кралевите тогаш
го совладаа Јувентус со убедливи 4-1 во финалето кое се одигра во Кардиф, а
еден од највлијателните медиуми во Шпанија, АС, објави и снимка од моментот
кога капитенот на Кралевите добил повик да оди на допинг контрола, на истата
јасно се гледа како тој бара од овластените лица да оди до соблекувалната само
да го земе својот мобилен телефон, по што веднаш ќе се врати.
Снимката која ја
објави АС, проследете ја – ТУКА.