Екс директорот на
Јувентус, а нов на Интер, Бепе Марота силно посакува да неговиот клуб се вклучи
сериозно во битката за потписот на Пол Погба, а тоа наводно тимот од Милано би
го сторил исполнување на една голема желба на Манчестер јунајтед, Милан
Шкринијар или Иван Перишиќ, тврди Тутоспорт.
Оваа шпекулација
се најде на насловната страна на денешната едиција на весникот од Торино, а
истиот медиум тврди дека и покрај тоа што Марота се уште не е формално
промовиран, иако во прашање се само денови за тоа да се случи, уште сега има
големи планови да се „судри“ со неговиот поранешен клуб.
Тутоспорт пишува
дека Марота ќе се обиде да ја придобие големата желба на Јувентус, практично и
да му ја „украде“ од пред нос, со тоа што ќе го тестира големиот интерес кој
Мурињо го има за Шкринијар и Перишиќ, а не е тајна дека Манчестер јунајтед
очајно ги посакува обајцата.
Доколку Интер ги
вклучи еден од двајцата посакувани фудбалери на Премиерлигашот во евентуална
понуда за Погба, тешко дека Јувентус ќе може да биде ривал во една таква
ситуација.
Јасна е желбата на Јувентус во обидите да го врати во својот тим Французинот кој игра во форма топло-ладно во редовите на Премиерлигашот, но, доколку се остварат најавите, Интер ќе го удри својот ривал онаму каде што најмногу боли.