„Фудбал Ликс“: Серхио Рамос паднал на допинг тест по финалето во ЛШ во 2017!

by
2 минути читање

Реал Мадрид и Серхио Рамос вечерва се во центарот на вниманието откако „Шпигел„ објави дека капитенот на „Кралевите“ паднал на допинг тест по триумфот над Јувентус во Кардиф на 3. јуни 2017.

Весникот вели дека дефанзивецот бил позитивен на дексаметазон, супстанца забранета според Светската анти-допинг агенција (ВАДА). „Шпигел“ додава дека овој случај никогаш не бил споделен со јаноста и заклучен во фиока во канцелариите на УЕФА.

Фудбалерите можат да користат дексаметазон, но има јасни правила за ова и докторот на клубот треба да ги извести надлежните органи, особено кога се прави допинг тест.

Но во листот на Серхио Рамос никаде не бил споменат дексаметазонот, туку било наведено дека играчот примил две инекции, една во рамото и една во коленото со супстанцата Целестон хронодоз. Докторот на Реал кој го придружувал играчот на допинг тесот потоа испратил писмо до УЕФА и превзел одговорност за настанатата забуна.

Тој објаснил дека бил во еуфорија по големиот триумф, а и поради тоа што поранешниот крал на Шпанија и премиерот на Шпанија дошле да го посетат Серхио Рамос и да му честитаат кога играчот се подготвувал за допинг тест, па затоа е направена грешка.

„Шпигел“ исто така вели дека Серхио Рамос уште еднаш имал проблем со допинг тест, овој пат со Шпанската анти-допинг агенција АЕПСАД. На 15. април оваа година, по дуелот со Малага, Рамос бил известен дека ќе му биде извршен допинг тест.

Дефанзивецот побарал најпрво да се истушира пред да даде примерок од урина со оправдание дека соиграчите го чекаат и сакаат што поскоро да се вратат во Мадрид. Но одговорот на лицето задолжено за тестот бил негативен. И покрај тоа, Серхио Рамос го игнорирал и се истуширал пред него.

Капитенот на Реал Мадрид со ова ги прекршил правилата кој велат дека спортистите не смеат да се тушираат пред да дадат примерок од урина. За ваков прекршок казните се прилично строги. Клубот може да биде парично казнет, да му бидат одземени бодови па дури и да биде испратен во ранг подолу. На докторот му се заканува суспензија до четири години, а и играчот би можел да добие суспензија до четири години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани