Осман Дембеле се
врати во Барселона по репрезентативните обврски кои ги имаше со својата
селекција Франција, а на аеродромот беше пречекан од неколку новинари кои
веднаш почнаа да го прашуваат незгодни прашања поврзани за ситуацијата во која
се наоѓа, а воедно и шпекулациите кои се’ се погласни а говорат на тоа дека е на излезна врата од Камп Ноу.
21 годишниот
Французин ги игнорираше новинарите, а тој се соочува со голем притисок на себе
во изминатиов период, во прашање е секако проблемот кој го има со дисциплината,
како и очајниот професионализам со што си ја става кариерата под ризик.
Извесно е дека
Дембеле доби и „воспитна“ од својот тренер во редовите на Барселона, Ернесто
Валверде, кој се реши дури и да го изостави од составот, а на ова му претходеше
доцнење на фудбалерот за собирот на екипата пред дуелот со Интер во Лигата на
шампионите, како и доцнење на тренинзите на Каталонците.
Се шпекулира дека
претседателот на Барселона, Бартомеу, како и спортскиот директор на клубот,
Сегура веќе имале средба со агентот на Дембеле за да се објасни ситуацијата,
претставникот на Французинот наводно побарал од клубот да престане со „пуштање“
на информации поврзани со неговиот клиент.
class="twitter-tweet" data-lang="en">