Холандија полека го враќа стариот сјај, вечерва „лалињата“ не смеат да загубат во Германија

by
1 минути читање

Холандија во изминатите години имаше криза на репрезентативен план не успевајќи да се пласира на големите натпреварувања, па нивниот одличен настап во Лигата на нации е пријатно изненадување.

Холанѓаните пред три дена со 2-0 го совладаа светскиот шампион Франција, а на свој терен ја победија Германија со 3-0.

BetAdria.com: Германија – Холандија:  1,95  3,70  4,00

Вечерва со почеток од 20:45 гостуваат кај Германија, доколку не загубат ќе го освојат првото место во првата група од Лига А и ќе се борат за трофејот во Лигата на нации.

Германија има очаен настап во ова натпреварување, од три меча освои само бод и испадна во Лига Б. Но Германците беа на потребното ниво на пријателскиот меч со Русија кој го добија со 3-0 и сигурно ќе сакаат и вечерва да триумфираат против ривалот.

Доколку Холандија успее да ја заврши групата пред големите Франција и Германија, тоа ќе биде убава најава за нив дека кризата е минато и го враќаат сјајот на репрезентативниот фудбал.

Холандија или Франција ќе биде последниот полуфиналист во Лигата на нации, таму веќе се пласираа Португалија, Англија и Швајцарија. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×