Скаути на Реал
Мадрид ја следеле играта на Един Џеко во контролката против Шпанија, која Босна
и Херцеговина ја загуби минимално на гостувањето во Лас Палмас, пишува АС.
Истиот медиум
додава дека од шпанскиот гигант сериозно му пристапиле на претстојниот меч во
Лигата на шампионите токму против Рома на 27 ноември на Олимпико во Рим, но,
претстојниот меч не е единствената причина за таа активност.
АС додава дека во
Лас Палмас претставниците на Реал Мадрид биле и за да го оценат босанскиот
напаѓач поради потенцијален трансфер во шпанскиот гигант.
Оваа година Рома
одби богата понуда од Челси за услугите на Босанецот, поточно, тоа се случи во
јануарскиот преоден рок, останува да видиме дали една година по тоа, исто, во
јануари ќе има нова понуда за Џеко, овој пат од Реал Мадрид.