Милан повторно се
поврзува со интерес за фудбалерот од средниот ред на Челси, Цеск Фабрегас, и
покрај проблемите со повреди кои ги има Шпанецот, а се шпекулира дека
италијанскиот клуб веќе има и понуда за него.
31 годишниот
Шпанец подолг период се споменува како опција за Милан, а спортскиот директор
на калчолигашот, Леонардо наводно е во постојан контакт со неговите
претставници за да се разгледаат сите можности за реализација на долго
очекуваниот трансфер.
Актуелниот
важечки договор на Фабрегас со Челси истекува идното лето, ништо чудно уште во
јануарскиот преоден рок да падне договор со Милан за неговите услуги, ако се
земе во предвид дека конкуренцијата во средниот ред на Челси е голема, а клубот
би можел да се ослободи од трошоците кон него.