Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо го „запиша“ во бележникот
фудбалерот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини, за кого наводно ќе
направи обид да го добие во својот состав во јануарскиот преоден рок.
Пелегрини има
откупна клаузула во договорот со Римската волчица која изнесува 30 милиони
евра, а наводно Премиерлигашот му нуди двојно повисока плата во однос на таа
која ја заработува на годишно ниво, а изнесува еден милион евра.
Шпекулациите
велат дека од Манчестер јунајтед веќе имале средба со агентот на Пелегрини,
Џакомо Покета изминатиов викенд, а истовремено, спортскиот директор на Рома,
Мончи, сега се обидува да се договори со фудбалерот, за тој да потпише нов
договор, со повисока плата, но и повисока откупна клаузула, со оглед на тоа што
моменталната, за голем клуб како Манчестер јунајтед не е недостижна.