Капитенот на
Бразил, Нејмар, верува дека ќе може да биде еден добар ментор за напаѓачот на
Евертон, Ришарлисон, кој веќе потврди дека поседува голем квалитет во себе, и
покрај оспорувањето на трансферот кој тимот од Гудисон Парк го реализираше,
одвојувајќи фантастични 40 милиони фунти за неговите услуги, сума која ја доби
Ватфорд како обештетување.
„Сите знаат дека
Ришарлисон е одличен играч и навистина добар човек. Тој има квалитет да реши
меч со еден потег, да одигра одлични натпревари, на истиот начин како што тоа
го прави во Евертон, очекувам да се развие во голем фудбалер, неговата кариера
ќе се развива во периодот кој претстои“ вели Нејмар.
„Се надевам дека
ќе успеам да му помогнам да ги оствари своите цели, ќе се обидам да му помогнам
на теренот, дури и вон него, како пријател, како колега, доколку е паметен,
како што и изгледа, тој ќе работи напорно за да биде голем фудбалер во иднина“
заклучи првата ѕвезда на Бразил.
Ришарлисон веќе
го постигна дебитантскиот гол во дресот на Кариоките и тоа во петардата од 5-0
на контролката против Ел Салвадор, играше одлично во друштво на Нејмар
постигнувајќи два погодоци на таа средба.