192
Radio Marca
известува дека Диего Симеоне е близу до прифање на понудените услови од
шпанскиот прволигаш кој сака да го направи најскапо платен индивидуалец во
целиот клуб.
Според најавите,
Аргентинецот би заработувал повеќе и од првата ѕвезда на тимот, Антоан Гризман,
кој има годишна плата од 17,5 милиони фунти со договорот кој го обврзува на
верност со клубот до 2023. година, а го потпиша ланското лето.
Атлетико забележа
низа успеси под кормилото на 48 годишниот Симеоне, освојувајќи ја Примера во
2014. година, како и двете титули во Европа Лига, моментално, тимот на
Аргентинецот се наоѓа на третото место на табелата во Примера, со бод
заостанување зад Барселона.