Интер тргнува по Вертонген

by
1 минути читање

Според информациите
кои дел од медиумите во Италија ги пренесуваат, се вели дека Нероаѕурите ги
разгледуваат сите опции кои им се на располагање на трансфер пазарот во однос
на засилувања во дефанзивната линија.

Sky известува
дека вниманието е насочено кон Јан Вертонген, кој идното лето ќе биде слободен
играч на трансфер пазарот, не постојат никакви индикации кои би најавиле
продолжување на соработката со Тотенхем која истекува токму идното лето.

Почнувајќи од
јануари, 31 годишниот дефанзивец ќе биде во можност да преговара со
заинтересираните клубови за неговите услуги, а Интер ќе мора да сочека на
евентуален договор се
до
лето, поради тоа што мора да биде внимателен во поглед на финансискиот фер плеј
кој мора да го испочитува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани