Челси е подготвен
да го ослободи од обврските кон клубот, Гери Кејхил, тоа би можело да се случи
уште во јануарскиот преоден рок, а договорот на искусниот дефанзивец истекува
идното лето.
Постои голема
конкуренција во тимот на Маурицио Сари, а италијанскиот стратег не е во можност
да отвори простор за 32 годишниот Кејхил, кој во новата сезона реализираше само
шест настапи и одигра само 21 минута во Премиерлигата, сите, влегувајќи од
клупата за резервни фудбалери.
Вест Хем,
Саутемптон и Ватфорд се екипите кои пријавиле интерес за неговите услуги, се
споменува и Астон Вила од Чемпионшип дивизијата, а извесно е дека опцијата која
тој на крајот ќе ја одбере е Манчестер јунајтед, со што повторно би соработувал
со Жозе Мурињо, тие заедно ја освоија титулата во Премиерлигата во сезоната
2014/15 со Челси.