Челси сакал дубара и исплати во даночен рај но Канте им порачал: Барам само нормална плата!

by
3 минути читање

Документите од
„Фудбал Ликс“ откриваат многу матни зделки во светот на фудбалот и како лицата инволвирани во овој спорт ги заобиколувале правилата за да добијат што повеќе
пари и да платат што помалку даноци.

Но има и такви
кои сепак решиле да бидат чесни, а еден од нив е Нголо Канте, кој важи за
еден од најскромните фудбалери.

Французинот добил
предлог да основа офшор компанија и таму да добива дел од платата од „Сините“,
односно исплати за имиџ правата. Компанијата била креирана во Џерси, малиот
остров во каналот Ламанш, кој важи за даночен рај.

Еден ваков потег
ќе му заштедел околу 1 милиони евра на годишно ниво на име на даноци. Сепак,
играчот се предомислил и одбил да го потпише документите за формализирање на
трансакцијата.

Неговиот
финансиски советник го извесил Челси за ова и како причина за одлуката навел
дека Нголо Канте се предомислил откако прочитал голем број на стории за истраги
кои се водат против играчи и клубови поради затајување на данок. Тој бил
загрижен дека може да си направи проблем со даночните власти.

„Нголо одлучи
дека не сака да превземе ризик“
– гласи дел од мејлот кој бил испратен до
Челси.

Клубот од
Стемфорд Бриџ објаснил дека тоа што го прават е легално и дека нема да има
никакви последици и проблеми, но и покрај инсистирањето на Челси, одговорот на Канте бил НЕ.

„Канте е
нефлексиблен“
– напишал советникот десет дена подоцна. „Бара само нормална
плата“.

Двете страни
потоа се договориле парите од имиџ правата да бидат исплатени на компанија во
Британија, која потоа ќе си плати корпоративен данок. Исто така Канте се согласил да го подели трошокот кој го имал Челси поради тоа што
исплатите не биле направени во даночен рај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани