Оваа недела 59
годишниот Ричард Скадамор ги извести клубови од најсилното првенство на Англија
дека се повлекува на крајот од годината. На негово место пристигнува Сузана Диниџ,
која доаѓа од телевизискиот гигант „Дискавери“ каде беше претседател на
каналот „Анимал Плант“.
Таа ќе стане една
од најмоќните жени во професионалниот спорт, но нејзиното назначување е во
сенка на планот на клубовите да му подарат на Ричард Скадамор 5 милиони фунти
за збогум.
Претседателот на
Челси, Брус Бак, кој е добар пријател со Ричард Скадамор, предложил сите 20
клубови да одвојат 250.000 фунти и со убава исплата му се заблагодарат на
сегашниот извршен директор.
Ричард Скадамор,
кој има плата од околу 2,5 милиони фунти годишно, прилично успешно си ја извршуваше
работата. Кога стана прв човек на Премиерлигата, ТВ правата се продаваа за 670
милиони фунти, додека последниот договор вреди фантастични 5,1 милијарда
фунти.
Најголемите клубови
се сложиле со предлогот, но се говори дека најмалку пет клубови се противат на
идејата откако фановите дознаа за планот и својот револт го изразија на
социјалните мрежи.