Динамо Загреб
трие раце, популарните „Модри“ би можеле да испишат нова историја кога е во
прашање продажбата на играчи. Новиот бисер во нивните редови е 20 годишниот
Дани Олмо, кој е продукт на школата на Барселона, но како голем број други
играчи, реши среќата да си ја побара во друг клуб и на 16 години ја напушти „Ла
Масиа“.
Двата популарни
каталонски весници, Спорт и Мундо Депортиво денеска пишаа дека Барселона ја
разгледува можноста да го врати Дани Олмо во своите редови. МД дури вели дека
во понеделникот е остварена средба помеѓу лидерите на Барса и агентот на
играчот.
Но „Каталонците“ нема
да имаат лесна задача. Покрај тоа што ќе треба на Динамо Загреб да му искешира
најмалку 25 милиони евра, се соочуваат и со голема конкуренција.
Скаути на
гигантите ширум Европа подолго време ги следат игрите на 20 годишниот офанзивен
фудбалер. Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Баерн Минхен па дури и Реал
Мадрид се распрашуваат за Шпанецот. Валенсија неодамна имаше неуспешен обид да го ангажира а и Зубизарета сака да го донесе во Марсеј.
За своите добри игри тој доби награда и од Луис Енрике, кој го повика да тренира со А тимот на „Црвената фурија“ во пресрет на дуелот со Хрватска во Лига на нации.