Агентот на Осман
Дембеле тврди дека неговиот фудбалер нема намера да си замине од Барселона, и
покрај се побројните шпекулации кои го поврзуваат Французинот со таа опција
изминатиов период.
Изминатиот викенд
се случи една од епизодите во серијата кога повторно се појави можност Дембеле
да се најде на излезна врата од Камп Ноу, откако, беше изоставен од дуелот со
Бетис кој Каталонците го загубија на домашен терен од 3-4.
„Осман нема лоши
одговори на шпекулациите, тој знае како да ги замолчи критиките на негова
адреса, особено кога тие се неосновани. Тој игра во Барселона, во еден од
најголемите клубови во светот, има одличен старт на сезоната постигнувајќи шест
погодоци и две асистенции. Не ги разбирам критиките кон него во овие моменти,
дали размислува да си замине од клубот? Не, тој само напорно работи во големиот
клуб за кого игра“ рече агентот на Французинот, Муса Сисоко.