Поздравување на навивачите носи многу пари во ПСЖ, Нејмар за ова „лапа“ бонус од 375.000 евра месчено!

by
3 минути читање

Благодарејќи на „Фудбал
Ликс“, јавноста дознава колку милиони се вртат во фудбалот, какви матни зделки
се прават и како фудбалерите некогаш претеруваат со своите барања.

Во последниов период на удар се ПСЖ и Манчестер Сити, клубови зад кои како
сопственици стојат шеиците од Катар и Абу Даби и нивните
петродолари.

Очигледно парите
не се проблем за „Светците“ па тие им плаќаат на играчите да ги поздравуваат
сопствените фанови пред и по натпреварите. Ова е еден од условите за добивање
на етички бонуси, кој варира од 33.000 евра месечо па се до 375.000 евра, сума
која ја добива првата ѕвезда на тимот, Нејмар.

Останатите услови
се коректно однесување кон соиграчите, противниците, судиите и официјалните лица.
Навремено пристигнување и ангажираност на тренинзите, забрана за обложување на
мечевите на ПСЖ и почитување на обврските кон медиумите се дел од другите
услови.

Во случај да се
прекрши некое од правилата, бонусот нема да биде исплатен на играчот и парите
ќе завршат во фондацијата на ПСЖ.

Нејмар добива
пари и ако одговори на сите барања за интервју, особено на оние од Ал Џазира
(ТВ канал кој е во сопственост на Катар). Се говори дека Бразилецот добива и
бонус од 2,5 милиони евра доколку не го критикува тренерот, како и 2 милиони
евра доколку се најде помеѓу тројцата финалисти за „Златната Топка“.

Само за потсетување, Нејмар во ПСЖ само на име на плата добива 30 милиони евра
по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани