Четврта победа за Динамо и Адеми за пласман во елиминационата фаза

by
1 минути читање

Динамо Загреб за прв пат по 49 години ќе игра во елиминациона фаза во европско натпреварување. Хрватскиот тим редовно беше елиминиран во групната фаза, но овој пат на две кола пред крајот го помина тоа ниво.

Денеска „модрите“ ја совладаа Трнава со 3-1. А Аријан Адеми ги одигра сите 90 минути и како капитен го предводеше неговиот тим до победата.

По четири одиграни кола Динамо Загреб има 12 бода, пет повеќе од Фенербахче и дури девет од Трнава.

Спортинг Лисабон без Стефан Ристовски кој е во аут поради повреда, издржа на Емирати играјќи без голови против Арсенал.

Нерешено заврши и дуелот меѓу Бетис и Милан, 1-1. Најефикасно беше на мечот меѓу Розенборг и Салцбург кој го добија гостите со 5-2, пет гола даде и Олимпијакос во дуелот со Дуделанж победувајќи со 5-1.

Баер Леверкузен со 1-0 славеше против Цирих, Селтик со 2-1 го совлада Лајпциг, 1-1 заврши дуелот меѓу Бордо и Зенит. Немаше голови на дуелите Лудогорец – АЕК Лрнака и Славија Прага – Копенхаген, Карабак со 1-0 победи на гостувањето кај Ворскла.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани