Проблеми за Барселона, Кутињо ќе паузира

by
1 минути читање

Барселона потврди
дека нивниот фудбалер Филипе Кутињо ќе биде вон комбинација за настап до три
седмици поради повреда.

Мундо Депортиво
претходно напиша дека Кутињо по ремито против Интер во Лигата на шампионите,
каде Бразилецот ги одигра сите 90 минути од пресметката во Милано, се пожалил
на повреда, иако очекувањата биле офанзивецот да пропушти само еден натпревар,
сепак, резултатите од испитувањата демантирале.

Тестовите кои
утрово беа направени покажаа повреда на мускулот на левата нога, ќе претстои
рехабилитација во период од две до три седмици
“ стои во соопштението на
Каталонците на официјалниот клупски вебстајт.

Кутињо беше
стрелец на пет погодоци за Барселона во новата сезона каде забележа 16
натпревари досега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани