Меси и Умтити тренираа, но други две ѕвезди го прескокнаа денешниот тренинг на Барса

by
1 минути читање

По дуелот со
Интер во Лигата на шампионите, „Каталонците“ се подготвуваат за мечот со Бетис
во Примера. Лео Меси и Самуел Умтити се појавија на утринскиот тренинг, но се
уште не е јасно каква ќе биде нивната инволвираност овој викенд бидејќи и
двајцата немаат добиено зелено светло од медицинскиот тим за настап.

Ернесто Валверде
за средбата на Камп Ноу во недела се соочува со дополнителни прашалници откако
денешната сесија ја прескокнаа Филипе Кутињо и Осман Дембеле.

Бразилецот се пожалил на болки по мечот на „Џузепе Меаца“ и прегледите покажале
повреда на задната ложа на левата нога поради која ќе паузира од две до три
недели. Со оглед на тоа дека следи пауза за репрезентативен настап, Филипе
Кутињо нема да пропушти многу натпревари. Тој ќе го прескокне дуелот со Бетис,
и веројатно дербито со Атлетико на Ванда на 24. ноември.

Осман Дембеле пак имал стомачен вирус и затоа денеска паузирал. Французинот е
под знак прашалник за Бетис но има доволно време да се опорави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани