Рома има
минимално водство од 0-1 на гостувањето кај ЦСКА Москва во рамките на групата „Г“
каде вечерва во терминот од 21 часот се среќаваат Плзењ и Реал Мадрид.
Манолас уште во
четвртата минута ги доведе гостите во почетно водство кое во моментов им носи
девет бода и лидерско место во својата конкуренција, со три бода предност во
однос на Реал Мадрид, односно пет во однос на ЦСКА Москва.
Валенсија со
голот на Мина во 14. минута поведе против Јанг Бојс, а гостите израмнија преку
Асале во 37. минута.
Сепак, радоста на
швајцарскиот тим траеше само пет минути откако Мина со својот втор гол на
средбата на Местаља повторно ги врати во водство домаќините.
Моменталната
ситуација на табелата во групата „Х“ каде вечерва се среќаваат Јувентус и
Манчестер јунајтед му дава второ место на Валенсија со 5 бода, со четири бода
заостанување зад Јувентус, односно бод предност во однос на Манчестер јунајтед.