151
Во Италија излегоа стории во кои се пишуваше дека Арсен Венгер ќе го замени Гатузо на тренерското столче на Милан. Но Французинот негира.
„Единствената работа што можам да ја кажам е дека тоа се лажни вести“, изјави Венгер.
„Ако потпишам некаде ќе ви кажам, но ова не се точни вести. Не можам да ги контролирам шпекулациите“.