Лукаку го пропушта Јувентус

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку
нема да биде во комбинација за гостувањето на Манчестер јунајтед кај Јувентус,
во рамките на четвртото коло од групите во Лигата на шампионите.

Белгиецот не се
најде во составот кој го селектираше Жозе Мурињо, а претходно тој беше вон
комбинација и за гостувањето кај Борнмут кое неговиот тим го доби со 1-2, а
воедно го пропушти и денешниот утрински тренинг на екипата пред заминувањето за
Торино.

Лукаку го
пропушти тренингот утринава, но, медиумите на Островот регистрираа нешто сосема
интересно од истиот, Пол Погба и Жозе Мурињо пред јавноста излегоа во доста
позитивно издание, ако се земе во предвид нивниот разнишан однос од претходно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×