Еден Азар донел
правилна одлука во својата кариера со тоа што се решил да остане на Стемфорд
Бриџ ова лето, тврди неговиот брат, Торган, кој додаде дека ѕвездата на Челси
во моментов не ни помислува на трансфер.
Подолг период
Азар се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но, тој игра во фантастична форма
под кормилото на неговиот нов тренер на клупата на Премиерлигашот, Маурицио
Сари, постигнувајќи 8 гола во 12 натпревари досега, говорејќи за Het
Laatste Nieuws, неговиот брат,
Торган проговори на доста актуелната тема за ѕвездата на Челси..
„Еден ја донесе
вистинската одлука со тоа што реши да остане во Челси, тој клуб немаше намера
да го продаде, а мојот брат има фантастичен старт на новата сезона“ вели тој.
„Реал Мадрид е во
еден комплексен период, тие му врачија отказ на својот тренер, клучни играчи си
заминаа од тимот, ќе биде потребно време за да се реорганизираат, мислам дека
Еден ќе увиди што ќе се случи до крајот на сезоната, добро го познавам, тој не
ни помислува на трансфер во моментов, ќе даде максимум за Челси, не сака судир
со клубот, доколку одлучи да си замине, ќе одигра максимално коректно“ додаде
Торган.