Бизнисменот од Тајланд и уште четири лица починаа на 27. октомври, кога хеликоптерот кој ги пренесуваше се урна на паркинот на „Кинг Пауер“ стадинот кратко по полетувањето.
Каспер Шмајхел беше еден од играчите кои гледаше како се урива хеликоптерот, извештаите велеа дека Данецот дури тргнал да даде помош, но бил сопрен од полицијата бидејќи можел самиот да настрада.
Тренерот на Лестер, Клод Пол меѓу редови потврди дека голманот бил сведок на трагичниот настан, а самиот Каспер Шпамајхел сега откри дека видел се и порача дека тешко ќе ја заборави глетката.
„Бев на теренот и му мавнав“ – вели Данецот. „За жал, овие кобни моменти вечно ќе ги паметам“.
„Видов се како се случи. Тоа не се убави спомени, но имам поддршка и помош од сите околу мене“.
Голманот, кој беше дел од делегацијата на „Лисиците“ која денеска пристигна во Бангкок за да присуствува на погребот на Вишаи Шривадханапрабха, тешко се справуваше со емоциите кога во саботата пред дуелот со Кардиф му беше оддадена почит на сопственикот на Лестер и другите четири лица кои ги загубија животите.