„Граѓаните“ како лидери ќе го пречекаат Манчестер јунајтед следниот викенд во големото градско дерби. Попладнево избраниците на Пеп Гвардиола покажаа моќ и со 6-1 го декласираа Саутемптон.
Резултатот беше отворен во 6. минута, Хоедт си постигна автогол за водство на Манчестер Сити од 1-0. Агуеро зголеми на 2-0 во 12. минута а Давид Силва во 18. минута погоди за 3-0 и најави тежок пораз за гостите. По половина час игра Ингс од пенал намали на 3-1, но тоа беше се што сторија „Светците“.
Пред крајот на првиот дел, Стерлинг реализираш за 4-1, а истиот играч во 67. минута донесе 5-1. И покрај убедливото водство, Сити продолжи да притиска па во завршните мигови во листата на стрелци се запиша и Лерој Сане за конечни 6-1.