160
Барселона дојде до тешки три бода против тимот на Столе Димитриевски кој од клупата го проследи овој натпревар.
Каталонците одлично го почнаа натпреварот, поведоа со гол на Суарез уште во 11. минута од натпреварот.
Но Рајо Ваљекано најпрво во 35. минута преку Поцо го изедначи резултатот, а во 57. минута со голна Гарсија направи комплетен пресврт за водство од 2-1.
Тој резултат беше актуелен се до 87. минута кога Дембеле даде гол за изедначување на 2-2, но Барселона продолжи да напаѓа барајќи го целиот плен.
Во 90. минута Луис Суарез со својот втор гол на натпреварот прави пресврт и носи победа на Барселона од 3-2.