Минатиот викенд, Лестер беше погоден од голема трагедија, по дуелот со Вест Хем се урна хеликоптерот на сопственикот Вишаи Шривадханапрабха. Дуелот на „Лисиците“ во Лига купот беше одложен, па денешното гостување кај Кардиф беше нивен прв меч.
Forever in our hearts. pic.twitter.com/OXBAE1GBZA
— Leicester City (@LCFC) November 3, 2018
Целиот персонал на Лестер и играчите излегоа на теренот за да му дадат почит на бизнисменот од Тајланд и останатите четири лица кои ги загубија животите, а дел од фудбалерите едвај ги задржаа емоциите.
Тагата потоа се претвори во радост откако Греј погоди за 0-1, гол кој се покажа како победоносен.
На другите натпревари од 16 часот, Њукасл ја забележа првата победа оваа сезона, пред своите фанови славеше над Ватфорд со голот на Перез. Евертон со 3-1 триумфираше нд Брајтон а победа пред своите фанови забележа и Вест Хем. „Чеканите“ со 4-2 ја добија пресметката со Барнли.