70
„Ѓаволите“ со цел плен си заминаа од незгодното гостување на „Виталите“. Борнмут има за што да жали откако одлично го започна мечот, имаше неколку добри шанси и поведе со голот на Вилсон во 11. минута.
Манчестер јунајтед иако се мачеше, успеа да се врати во игра во 35. минута, Санчез му асистираше на Марсијал за 1-1.
Гостите потоа заиграа далеку подобро во вториот дел, имаа неколку одлични шанси но за нов гол се чекаше дури до 92. минута кога Рашфорд најдобро се снајде и ја затресе мрежата на Беговиќ.