Галатасарај
речиси и да ја имаше победата од дуелот со својот голем ривал Фенербахче, но, и
покрај водството од 2-0, гостите за чиј тим настапува нашиот Елиф Елмас,
стигнаа до бод, а Македонецот дури и имаше голема шанса да донесе победа за
Фенербахче.
По последниот
судиски свиреж, дојде до „судир“ помеѓу Солдадо и Белханд, веднаш потоа пријде
и Жаилсон, кој речиси му удри шлаканица на фудбалерот на Галатасарај, а веднаш
потоа дотрчаа и останатите фудбалери на обете екипи по што ситуацијата на
теренот ескалираше, а Елмас од тоа што можеме да го забележиме на снимките помагаше да се раздвојат „завојуваните“ страни.
Сигурно дека од
куќата на фудбалот во Турција сериозно ќе им пристапат на снимките со кои
располагаат за овие инциденти на Турк Телеком арената, а веројатно ќе има и
суспензии.