93
Поранешниот играч
на Арсенал во септември беше инволвиран во инцидент по кој еден таксист заврши
со скршена вилица.
Денеска пред
судот во Копенхаген беа обелодени три снимки од настанот, на една се гледа како
Никлас Бендтнер му удира бокс на таксистот.
Обвинителството
бараше три месеци затвор додека пак адвокатите на напаѓачот условна казна и
општествено корисна работа.
На крајот судот
се реши за затворска казна од 50 дена. „Лордот“ сепак нема веднаш да заврши зад
решетки, неговиот адвокат откри дека поднеле жалба.