Манчестер
јунајтед пријавил интерес за дефанзивецот на италијанскиот првак Јувентус, Жоао
Кансело, но, од Торино испратиле јасна порака дека 24 годишниот Португалец не е
на продажба.
Португалецот
направи трансфер во Старата Дама изминатото лето кога во Торино пристигна за
сума од 40 милиони евра од Валенсија, откако Интер не ја искористи опцијата
целосно да го откупи неговиот договор по позајмицата во Милано.
Тутоспорт напиша
дека Жозе Мурињо е голем обожавател на играта која на теренот ја прикажува
Кансело, и воедно ги притиснал челниците на Премиерлигашот да се обидат да
стигнат до неговиот потпис.
Постоела
дискусија помеѓу обата клуба во која Манчестер јунајтед побарал информации, но,
од Јувентус биле одлучни во тоа дека Кансело не е на продажба ниту во јануарскиот
преоден рок, ниту во летниот.