Екзекуел Паласиос
е пред трансфер во Реал Мадрид во претстојниот преоден рок, а тој веднаш потоа
би можел да се врати на позајмица во Ривер Плата. Сепак, се појави проблем за
кој јавно проговори претседателот на аргентинскиот славен клуб, Родолфо Д’Онофрио.
„До овој момент
мислевме дека сиве овие информации кои дел од медиумите ги пласираа во јавноста
за нашиот фудбалер не се точни, односно се шпекулации, но, вистина било, а за
тоа ни стигна и потврда директно од претставниците на Езекуел“ вели Д’Онофрио за Марка.
Големата надеж на
аргентинскиот фудбал од поодамна беше споменувано како голема желба на
шпанскиот и европски гигант, но, според зборовите на Д’Онофрио, од аргентинскиот клуб постојано мислеле
дека информациите кои ги пренесувале медиумите за интересот од Реал Мадрид бил
само шпекулација, и ништо повеќе, интерес за 21 годишниот фудбалер од средниот
ред на Ривер Плата, неофицијално пријавуваше и Интер.
„Сево ова не
изненади, фактот што институција како Реал Мадрид го сторила сево ова, да
преговара директно со фудбалерот, без да испочитува клуб како Ривер Плата, и
сето тоа зад нашиот грб“ додава тој со што потврди дека откако имал средба со
агентот на Паласиос ја увидел реалноста дека зад грбот на клубот се преговара
со еден од најдобрите поединци на Ривер Плата, а тој не бил среќен откако ја
дознал вистината.
„Не очекував
вакво нешто,сево ова не кореспондира со историската вредност која ја имаме со Реал Мадрид, уште од времето
на Дон Алфредо Ди Стефано, до овој ден, Реал Мадрид ќе мора да работи на ова за
да се поправи штетата која ја направи со овој потег кон моќната фудбалска
аргентинска машинерија. Реал Мадрид е клуб изграден со големи вредности, па
дури и да се работи за еден ваков голем талент тоа не смее да се подгази. Се
надевам дека од таму ќе следи извинување за сево ова и односот помеѓу двата
клуба повторно ќе биде оној стариот“ заклучи претседателот на Ривер Плата.