69
Шест аргентински
интернационалци кои играат во Серија А се најдоа на списокот кој селекторот на
Гаучосите, Лионел Скалони го објави за претстојните две контролки со Мексико, предвидени за овој месец, но,
тој ја изостави ѕвездата на Милан, напаѓачот Гонзало Игуаин.
За многумина изненадување
е повикот за Де Пол од Удинезе, а повик доби и двоецот од Фиорентина Жерман
Пецела и Џовани Симеоне.
Двоецот од Интер,
Лаутаро Мартинез и Мауро Икарди исто така се дел од списокот, како и Пауло
Дибала од Јувентус, но Игуаин е изоставен на истиот каде се најдоа уште и
Роберто Переира од Ватфорд, односно Ерик Ламела од Тотенхем.