Дерби во третата
рунда натпревари од англискиот Лига куп приреди изненадување елиминирајќи го
фаворитот Манчестер јунајтед, и тоа на негов терен, но, во осминафиналната
рунда, вечерва загуби на гостувањето кај Челси со 3-2.
Фаворитот се
намачи да дојде до место во четвртфиналето од тоа натпреварување, а Маурицио
Сари на спротивната страна за ривал го имаше токму Френк Лампард, легендата на
Челси кој цели 13 сезони мина во дресот на тимот од Стемфорд Бриџ.
Лампард доби
пречек од домашните фанови, онаков каков што се очекуваше, со овации од
трибинскиот простор на Стемфорд Бриџ, каде во еден дел стоеше и порака токму до
него.
Лампард одигра
429 натпревари за Челси на кои постигна 147 погодоци, тој на одличен начин го
предводи Дерби, кој со 25 бода од 15 одиграни натпревари се наоѓа на шестото место
во Чемпионшип дивизијата на Англија.