Милан скокна на четвртото место на табелата откако вечерва го доби
заостанатиот меч против Џенова со 2-1.
Избраниците на Гатузо одлично го започнаа дуелот на Сан Сиро и со прекрасниот гол на
Сусо од далечина поведоа во 4. минута. Но „Росонерите“ потоа не беа премногу
расположени за надигрување и казната стгина по десетина минути игра во вториот
дел.
Бакајоко лошо врати една топка, Куаме најдобро се снајде во мешаницата,
реши да си ја испроба среќата и да бие, топката го удри Ромањоли и го лобуваше
Донарума, кој немоќно гледаше како на 16. меч во низа се тресе неговата мрежа.
Дефанзивецот сепак од трагичар стана херој откако донесе победа во 91.
минута од мечот. Гостинскиот голман боксуваше една нафрлена топка, но таа падна
точно на ногата на Ромањоли кој од 16 метри без размислување биеше на прва и го
лобуваше Раду за 2-1 и големо славје.
#Romagnoli ! Quel but ! #MilanGenoa 2-1 pic.twitter.com/342femf8uj
— Fr SerieA Videos (@FRVideos_SerieA) October 31, 2018