„Специјалниот“ се
најде на тапет кај ФА откако по драматичната победа и големиот пресврт против
Њукасл кога „Ѓаволите“ во вториот дел се вратија од два гола негатива и славеа
со 3-2, на патот кон соблекувалните дофрли нешто на камерата која го пратеше.
Беа ангажирани
лица кои читаат од усни и тие наводно протолкуваа дека Жозе Мурињо на
португалски рекол „fodas filhos de puta“ или во превод „еб*те се ку*вини синови“.
ФА потоа покрена
постапка и го обвини тренерот на Манчестер јунајтед дека користел зборови кои
биле навредливи и несоодветни и на Португалецот му претеше суспензија.
Сепак, независна
регулаторна комисија денеска го разгледа целиот случај и пресуди дека нема
доволно докази. Се очекува следната недела во детали да биде образложена
ваквата одлука, на која може да се достави жалба.