Пато сака да се врати во Милан, но…

by
1 минути читање

Дел од медиумите
во Италија пренесуваат дека Милан во моментов ја заобиколува големата желба на
Александре Пато да се врати во редовите на италијанскиот прволигаш, а клубот од
Милано наводно работи сериозно на тоа да го врати Златан Ибрахимовиќ, наместо
Бразилецот.

И покрај големата
и нескриена желба на Пато, и покрај неговите блиски врски со техничкиот
директор Леонардо, Калчомеркато тврди дека тој не е во плановите на
калчолигашот, барем во моментов.

29 годишниот
Бразилец играше во дресот на Росоњерите шест сезони (2007-13), а на 117
натпревари успеа да постигне 51 погодок. Во дресот на Бразил на 27 натпревари
успеа да постигне 10 погодоци.

Договорот на Пато
со кинески Гвангжиан истекува идниот декември, а тоа е добра шанса за Милан да ја
искористи таа ситуација, за потпис на нов договор на напаѓачот со бразилскиот
прволигаш, засега нема никакви најави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани