По серијата резултати кои кулминираа со срамен пораз од 5-1 на Камп Ноу, Хулен Лопетеги доби отказ. Речиси сите очекуваа ваков расплет на настаните, но сепак многумина беа изненадени од соопштението кое го испрати Реал Мадрид.
„Бордот на директори смета дека има огромна разлика помеѓу квалитетот на составот на Реал Мадрид, кој има 8 играчи номинирани за „Златната топка“ нешто невидено во историјата на клубот, и остварените резултати“ – е пасусот кој крена голема полемика на социјалните мрежи и не им се допадна дури и на дел од фановите на Реал Мадрид.
Според пишувањата на „Ел Конфиденсиал“ зад ваквите зборови се крие една многу важна причина.
Кога Хулен Лопетеги бил известен дека ќе добие отказ, стратегот побарал обесштетување од 18 милиони евра, односно целата сума од тригодишниот договор.
Реал Мадрид смета дека Хулен Лопетеги не е во позиција да бара ваква сума бидејќи лошо си ја вршел работата на клупата и донел лоши перформанси и резултати.