Само еден играч на Реал Мадрид се збогува со Лопетеги: Вечно ќе му бидам благодарен (ФОТО)

by
2 минути читање

Кратко траеше
авантурата на Хулен Лопетеги на „Сантијаго Бернабеу“, по серијата слаби
резултати, стратегот вчера доби отказ и едвај издржа четири месеци на жешкото столче.

Иако се говореше
дека голем број на играчи барале од Флорентино Перез да му даде повеќе време на
тренерот, до сега само еден фудбалер се збогува со Хулен Лопетеги на социјалните
мрежи.

Тоа го стори
Мариано Диаз, кој неочекувано ги засили „Кралевите“ во последните денови од
летниот преоден рок.

„Секогаш ќе му
бидам благодарен на Хулен Лопетеги, тој е еден од луѓето кои овозможија да се
вратам дома. Му посакувам се најдобро во иднина. Сега треба да бориме повеќе од
било кога за да излеземе од оваа ситуација“
– напиша напаѓачот кој требаше да
се пресели во Севиља, но Реал Мадрид ја искористи опцијата да го врати во
своите редови и го украде во последен миг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани