33 годишниот Португалец
изминатово лето реши да стави крај на авантурата во Реал Мадрид и да потпише за
Јувентус во рекорден трансфер за Серија А. Кристијано Роналдо и во Калчото продолжува
да игра на највисоко ниво, да ги тресе противничките мрежи и да носи победи за
„Старата Дама“.
Во разговор со „Франс
Фудбал“ тој порача дека има поинаков менталитет од останатите играчи па затоа повеќе од една деценија е на врвот.
„На мој години,
нити еден фудбалер не оди од еден во друг голем клуб за 100 милиони евра. На
мои години, и ова го кажувам со почит кон сите играчи, другите фудбалери одат
во Кина или во Емиратите или во Индија за да ја завршат кариерата без да го
задржат високото ниво“ – вели ЦР7.
„Горд сум што не
сум таков. Јас сум поинаков ѕвер, поинаква атлета, поинаква личност со поинаков
мозок. Не велам дека сум подобар, едноставно сум поинаков и веројатно затоа сум
на врвот 12 години“.
Португалецот оваа
година веќе остана без две индивидуални награди, УЕФА и ФИФА го прогласија Лука
Модриќ за најдобар фудбалер. Во декември следи нов избор, веројатно
најпрестижниот и Кристијано Роналдо смета дека може до нова „Златна Топка“.
„И оваа година
исти имиња ми се конкуренти за „Златната Топка“ иако не знам дали Меси ќе биде на
подиумот. Салах, Модриќ, Гризман, Варан и Мбапе… Французите ги споменувам
поради тоа што се светски шампиони“.
„Но баш сакам да
видиам дали овие играчи ќе бидат на врвот и за 10 години. Играчите кои можат да
бидат на врвот повеќе од 10 години се бројат на прстите од една рака, или
подобро да кажеме дека се само двајца: Меси и јас!“.
„Меси и јас сме
на врвот 10 години, и ќе продолжиме да бидеме таму“.