Манчестер Сити со
минимална победа сред Лондон го доби дербито со Тотенхем во рамките на
десеттото коло од Премиерлигата, со оглед на тоа какви беа условите за игра на
теренот на Вембли, веројатно најсреќен треба да е Пеп Гвардиола.
Ерик Ламела имаше
неверојатна прилика да израмни во завршницата од средбата, можеби и квалитетот
на теренот пресуди во таа ситуација, а можеби и Аргентинецот не беше толку
присебен, но, тој се најде во една доста контроверзен момент од дербито во кој можеше да настрада.
Во една прилика,
Бенџамин Менди се обиде да ја загради топката и да го блокира Ламела да дојде
до неа, успеа во тоа, но, Аргентинецот во таа прилика, неколкупати со рацете
удри по вратот на дефанзивецот на гостите, кој веднаш потоа го истури својот
бес па малку недостасуваше и да го нокаутира, доколку дојдеше до тоа, можеме
само да претпоставиме каков инцидент ќе донесеше неговата реакција…
class="twitter-tweet" data-lang="en">