Реал Мадрид го одложи назначувањето на Конте откако Италијанецот побарал две засилувања

by
2 минути читање

Според
информациите, Реал Мадрид го одложил назначувањето на Антонио Конте за шеф на
стручниот штаб на тој клуб откако италијанскиот стратег побарал од шпанскиот
гигант две засилувања.

Тренерот на Б
тимот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари веќе го презеде кормилото на првиот тим,
но, секако, тој е привремена опција, и натаму прва опција е поранешниот тренер
на Челси и Ливерпул, кој е фаворит за клупата на гигантот од Мадрид.

Од Реал Мадрид со
соопштение до јавноста како причина за отказот на Лопетеги наведе голема
разлика помеѓу квалитетот на стручниот штаб на клубот и резултатите освоени до
тој момент.

Марка напиша дека
Солари е привремено назначен наместо Конте поради одредени трансфер желби на
италијанскиот фудбалски стратег.

Дел од шпанските
медиуми тврдат дека Конте од челниците на Реал Мадрид побарал ангажирање на
еден дефанзивец за да се имплементира неговиот дефанзивен систем со тројца во
последната линија.

Конте исто така
побарал и напаѓач кој е со капацитет да ја предводи офанзивната линија според
системот на игра кој тој го негува. Италијанецот е познат по тоа што каде и да
е тренер, ја користи својата добро позната формациска поставеност, и тоа со
успех, така беше во Јувентус, а така беше и во Челси.

Во моментов
барањата на Конте за момент го одложија неговото назначување за тренер на Реал
Мадрид, но, тој се уште е прва опција за клупата на шпанскиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани