Наместо отказ, Мурињо во јануари ќе добие дебел чек за засилувања, приоритет се две позиции

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ се
мачат на стартот од новата сезона, а Жозе Мурињо влезе во „војна“ со неколку
играчи, помеѓу кои и првата ѕвезда на тимот Пол Погба.

Во еден момент се
говореше и дека стратегот би можел да добие отказ но според пишувањата на
Гардијан, Манчестер јунајтед ќе му даде поддршка на Португалецот.

Весникот пренесува дека на Жозе Мурињо ќе му бидат ставени на располагање повеќе
од 100 милиони фунти за засилувања во јануари. Се верува дека со овие средства
„Специјалниот“ ќе тргне по нов дефанзивец и голгетер.

Лидерите на
Манчестер јунајтед сепак ќе го одврзат ќесото само доколку играч кој навистина
може да го подобри составот биде достапен. Изминатово лето
голем број на имиња се поврзуваа со „Ѓаволите“ но на Олд Трафорд пристигна само
Фред од Шахтар и младиот десен бек Далот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани