Сари: Седум гола на два меча без Азар, тоа е некаков знак

by
1 минути читање

Челси го понижи
Барнли совладувајќи го со високи и убедливи 0-4 на негов терен во редовното 10.
коло од англиската Премиерлига, иако без Еден Азар во составот, Сините од
Лондон во својата игра делуваа дури и подобро на теренот.

Шефот на
стручниот штаб на Челси, Маурицио Сари по мечот издвои дека е среќен поради тоа
што има многу квалитетни фудбалери во својот состав, тој додаде дека седум
погодоци на два натпревари без Азар е некаков знак, а изнесе и очекување за тоа
кога би можел Белгиецот да се врати.

Посакувам да го
имам на секој натпревар, доколку тоа е можно, ние имаме многу добри фудбалери,
но Азар на теренот нуди нешто различно. Среќен сум поради фактот што тимот
постигна седум погодоци на два натпревари без Азар, тоа е некаков знак. Би
сакал да го имам Азар во составот што е можно побрзо, не сум сигурен за во
среда, но, се надевам дека тоа ќе се случи во недела
“ рече Италијанецот.

Челси во среда на
домашен терен ќе ги одмери силите со Дерби Каунти на Френк Лампард во Лига
купот на Англија, а за веќе во недела, исто, на домашен терен во рамките на
Премиерлигата да се сретне со Кристал Палас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани