Мечот помеѓу
Џексонвајл и Филаделфија Иглс од НФЛ лигата го остави теренот на Вембли арената
во очајна состојба на само 24 часа пред големото дерби во десеттото коло од Премиерлигата
каде Тотенхем вечерва на домашен терен треба да го пречека Манчестер Сити.
Онаков каков што
е, по синоќешниот НФЛ меч,теренот тешко дека ќе им овозможи на двете екипи
вечерва да понудат убав и допадлив фудбал, пред се’ офанзивен, каков што знаеме да гледаме од
Тотенхем, но и бранителот на шампионската титула во Премиерлигата.


Лицата задолжени
за одржување на тревната подлога на Вембли од утрово работат на подобрување на
истата, но, колку можат да сменат од претходно речиси уништениот терен,
останува да видиме. Со слични проблеми се соочија и Манчестер јунајтед и
Евертон, но, теренот на Олд Трафорд беше за нијанса подобар од овој на Вембли.

Обајцата тренери
во пресрет на вечерашната пресметка, Покетино и Гвардиола за време на
пресконференциите за јавноста говореа на оваа тема и пријавија загриженост за
состојбата на теренот.