Конечно потврда: Претседателот на Лестер загина во хеликоптерската несреќа

by
1 минути читање

60-годишниот тајландски бизнисмен, Вишаи Шривадханапрабха загина во својот приватен хеликоптер со кој вообичаено го напушташе стадионот на Лестер по домашните натпревари.

По повеќе од еден ден, стигна официјално соопштение дека сопственикот на клубот е починат.

„Со најголемо жалење и колективно скршено срце потврдуваме дека нашиот претседател Вишаи Шривадханапрабха  е еден од оние кои трагично ги загубија животите во саботата навечер кога хеликоптерот кој го превезуваше него и уште четири други луѓе се сруши надвор од Кинг Пауер стадионот. Ниту еден од петте луѓе не е преживеан“, стои во соопштението на Лестер.

Лестер никогаш нема да го заборави Вишаи Шривадханапрабха, тоа е човекот под чие водство тие ја освоија историската титула во Премиерлигата во сезоната 2015/16 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани