По три недели,
Манчестер јунајтед се радува на победа. Ромелу Лукаку денеска беше седнат на
клупа по серијата мечеви без постигнат гол и тоа се покажа како добар потег на Жозе
Мурињо.
„Ѓаволите“
одиграа добар натпревар, поведоа со голот на Погба во 27. минута а потоа на стартот
од вториот дел Марсијал зголеми на 2-0.
Погба со една
грешка ги врати гостите во игра, Сигурдсон погоди од пенал во 77. минута, па
следуваше нервозна завршница во која Марсијал можеше да ги реши сите дилеми
откако излезе очи во очи со Пикфорд, но многу се колебаше и му овозможи на
голманот да интервенира.
Иако Евертон се
бореше до 96. минута, „Карамелите“ не успеаја посериозно да се заканат по голот
на Де Хеа, па на крајот Манчестер јунајтед прокнижи три бода.